Донација за изградба на црковен дом

Почитувани браќа и сестри во Христа,

Нашата заедничка цел, која не обединува сите Македонци, православни христијани и пријатели на православната вера, е изградба на еден православен храм во регионот на франкофонските подрачја во Швајцарија, поточно Suisse Romande.

Православен храм, кој ќе остане со векови за да сведочи за постоењето на еден верен народ и ќе биде место на наша радост и утеха.

Храмот се гради со меѓусебна љубов, вера, слога и единство. Затоа Ви се обраќаме и вам, драги браќа и сестри вo Христа, да бидете дел од ова свето дело, подарувајќи еден скромен придонес со идејата за изградба на православен хрем.

Само здружени заедно можеме да постигнеме повеќе и побрзо.

Господ направил многу повеќе дела за нас, чедата Божји, сега е време и ние да му се заблагодариме на Него, Совишниот, градејќи еден храм , а воедно и наш дом.

Браќа и сестри во Христа, секогаш има две истории, две приказни и две правдини, но само една е вистината, а тоа е Господ Исус Христос !

‘’Секој нека дава од се срце, а не со жал или принуда, зашто Бог го љуби оној што од срце дава’’

2 Коринтјани, глава 9, cmux 7

Фактура
Твинт
Кредитна картичка