
Почитувани донатори,
Искрено Ви благодариме за Вашата поддршка и великодушност кон нашата православна црква. Сите донации се ажурираат и објавуваат на список еднаш месечно.
Доколку Вашата донација не е наведена на списокот, тоа најчесто се должи на фактот што донацијата е направена преку Twint без да се остават лични податоци. За да ја ажурираме Вашата донација и да Ве вклучиме на списокот, Ве замолуваме да ни ги испратите следните информации: Вашето име, презиме и бројот на телефонот од кој е извршена донацијата.
Информациите можете да ги доставите на следниов телефонски број: 0041762220409 или на нашиот емаил: kontakt@mpc-lausanne.ch.
Вашата поддршка е од непроценливо значење за нашата заедница и за мисијата на нашата црква. Со Вашата помош, заеднички придонесуваме за духовниот живот и напредок на сите наши верници.
Од срце Ви благодариме за Вашето разбирање и посветеност!
Со благослов,
Македонска Православна црква – Лозана