
Добредојдовте на официјалната веб-страница на Македонската православна црква во Лозана!
Нашата мисија е да го обединиме и зачуваме македонско-православниот дух во срцето на Швајцарија. Ова е местото каде што традицијата, верата и заедништвото се спојуваат за да создадат силна заедница.
Проект „Изградба на црковен дом во Лозана - Швајцарија
Почитувани браќа и сестри во Христа,
Нашата заедничка цел, која не обединува сите Македонци, православни христијани и пријатели на православната вера, е изградба на еден православен храм во регионот на франкофонските подрачја во Швајцарија, поточно Suisse Romande.
Православен храм, кој ќе остане со векови за да сведочи за постоењето на еден верен народ и ќе биде место на наша радост и утеха.
Храмот се гради со меѓусебна љубов, вера, слога и единство. Затоа Ви се обраќаме и вам, драги браќа и сестри вo Христа, да бидете дел од ова свето дело, подарувајќи еден скромен придонес со идејата за изградба на православен хрем.
Само здружени заедно можеме да постигнеме повеќе и побрзо.
Господ направил многу повеќе дела за нас, чедата Божји, сега е време и ние да му се заблагодариме на Него, Совишниот, градејќи еден храм , а воедно и наш дом.
Браќа и сестри во Христа, секогаш има две истории, две приказни и две правдини, но само една е вистината, а тоа е Господ Исус Христос !
‘’Секој нека дава од се срце, а не со жал или принуда, зашто Бог го љуби оној што од срце дава’’
2 Коринтјани, глава 9, cmux 7
Годишна програма за следните богослужби во 2025 година
Богослужбите од црковната општина „Собир на сите македонски светители” од Лозана се на следната адреса :
Празник | Богослужба | Дата и час |
---|---|---|
Свети Ѓеоргиј Победоносец | Вечерна литургија | 1746471600 5 мај, 2025 од 19:00 до 20:00 |
Задушница | Вечерна црква | 1749322800 7 јуни, 2025 од 19:00 до 20:00 |
Литургија | Црква | 1750496400 21 јуни, 2025 од 09:00 до 10:00 |
Литургија | Вечерна богослужба | 1756234800 26 август, 2025 од 19:00 до 20:00 |
Литургија | 1758358800 20 септември, 2025 од 09:00 до 10:00 | |
Литургија Патронат | „Сите македонски светители“ | 1759654800 5 октомври, 2025 од 09:00 до 12:00 |
Света Петка | Вечерна богослужба | 1761505200 26 октомври, 2025 од 19:00 до 20:00 |